Економија

Одземена лиценцата на „Беса травел“

12.01.2022 15:59

По барање на Министерството за економија, Државниот пазарен инспекторат има извршено три вонредни инспекциски надзори во просториите на „Беса транс“, при што е констатирано дека истиот не обавува дејност, односно не работи.

Министерството за економија ја одзема лиценцата на туристичката агенција „Беса травел“, објави министерот за економија Крешник Бектеши на неговиот Фејсбук профил.

По барање на Министерството за економија, Државниот пазарен инспекторат има извршено три вонредни инспекциски надзори во просториите на „Беса транс“, при што е констатирано дека истиот не обавува дејност, односно не работи.

Државниот пазарен инспекторат информирал дека правниот субјект не обавува дејност, односно канцелариите се затворени и во истите не може да се изврши инспекциски надзор.

Како министер за економија донесов решение за одземање на лиценцата, напиша Бектеши на Фејсбук.

Од економијата ги повикуваат граѓаните да проверат со кои туристички агенции патуваат, односно дали имаат важечки лиценци за работа издадени од Министерството за економија.