Османи: Да покажеме фер однос
Османи информира за начинот на водење на разговорите за надминување на прашања со Бугарија, во рамките на владата и на државниот врв. Според министерот, преговорите ќе ги водат работни групи составени од дипломати кои ќе го известуваат министерот, а истовремено ќе ги спроведуваат утврдените стратегиски цели на земјата.

Реакција и од министерот Османи по пресот на Димитров. Тој ги повика сегашните и поранешните колеги на фер однос, да се задржи довербата за да се обезбеди европската иднина за граѓаните.
Османи информира за начинот на водење на разговорите за надминување на прашања со Бугарија, во рамките на владата и на државниот врв. Според министерот, преговорите ќе ги водат работни групи составени од дипломати кои ќе го известуваат министерот, а истовремено ќе ги спроведуваат утврдените стратегиски цели на земјата.
Владата ќе формира и работно политичко тело предводено од премиерот за застапување на државните интереси. Ова според Османи било пракса и при Преспанскиот договор и како што тврди, неговите лични позиции соодветствуваат со македонските државни интереси.
Османи укажува на политичкиот моментум на формирањето на двете влади, што според министерот, резултирало со посетата на премиерот Петков на 18 јануари.
Македонското МНР е исто така во комуникација со бугарските колеги за реализација на заедничка владина седница на 25 јануари, соопштува Османи.
