Сточарство

Згрижување на добитокот од ниски температури

13.01.2022 11:39

Во деновите со екстремно ниски температури и многу снег, на добитокот треба да му се обезбеди доволно храна и вода, порачуваат ветеринарите. Животните да бидат засолнети и да не излегуваат од шталите иако повеќето видови што се одгледуваат кај нас релативно добро ги поднесуваат студените денови...

Врнежите од снег проследени со ветер и падот на темепертурите, можат негативно да влијат на здравјето на животните, иако, повеќето видови кај нас, релативно добро ги поднесуваат ниските температури.

Во вакви услови, сточарите треба да обезбедат храна и вода најмалку за две недели, во количества  кои ќе бидат доволни да се задоволат потребите на добитокот.

Се препорачува дури сточарите и да го зголемат хранењето, за да можат животните да ја одржуваат телесната температура, велат од Агенцијата ветеринарство. На животните никако не треба да им се дава смрзната храна и треба да имаат свежа вода за пиење со соодветна температура.

При екстремно ниски температури, со силен ветер и снег, животните треба да се држат затворени во објектите за чување, во шталите, или да им се обезбеди соодветно засолниште.

И здравствената состојба на добитокот во вакви услови треба да се почесто контролира од вообичаено, односно потребно е животните постојано да се посетуваат, проверуваат и да се набљудуваат. 

 

Методија Трајков