Ескобар: Разговаравме со Франција што поскоро да почнат преговорите
Според него, пристапниот процес на Северна Македонија во ЕУ треба да го реши Европа, а САД силно ја поддржуваат кандидатурата...

Американскиот заменик помошник секретар за европски и евроазиски прашања Габриел Ескобар разговарал со Франција за што поскорешен почеток на преговорите со Северна Македонија и со Албанија.
Тој смета дека шесте месеци што ги најави бугарскиот премиер Петков се доволни за решавање на проблемите. Ескобар нагласува дека постои фрустрација меѓу европските партнери оти процесот не се одвива брзо.
„Вжеќе зборувавме со Франција. Ставивме јасно до знаење, ние веруваме дека членството во ЕУ за сите држави од Западен Балкан е од суштинско значење за сите нас. Веруваме дека тие се дел од Европа. Веруваме дека како што ги исполнуваат условите со затворање на поглавјата, треба да бидат сè повеќе интегрирани во ЕУ, и мислиме дека тоа ќе биде решение за сите држави. Секоја држава што влегла во ЕУ станала подемократска, попросперитетна и постабилна“, изјави Ескобар.
Според него, пристапниот процес на Северна Македонија во ЕУ треба да го реши Европа, а САД силно ја поддржуваат кандидатурата на Северна Македонија за ЕУ.
