Почина филмскиот продуцент Горјан Тозија

13.01.2022 11:57

Во својата богата кариера беше директор на Агенцијата за филм, државен секретар во Министерството за култура и советник во Кабинетот на претседателот Бранко Црвенковски.

Филмскиот продуцент Горјан Тозија почина на 68- годишна возраст. Во својата богата кариера беше директор на Агенцијата за филм, државен секретар во Министерството за култура и советник во Кабинетот на претседателот Бранко Црвенковски.

Беше претседател на Друштвото на филмски работници, а во 1993-та година беше назначен за директор на продукцијата „Вардар филм“. Во тој период беа снимени филмовите „Пред дождот“, „Ангели на отпад“, „Преку езерото“, „Џипси меџик“...

Учествуваше и во реализацијата на два холивудски филма кои се снимаа во Македонија, „Миротворец“ и „Добредојде во Сараево“.