МВР

Приведени двајца српски државјани, пронајдени девет мигранти од Куба

13.01.2022 12:02

Во близина на бензинска станица кај Смоквица, при контрола на патничко возило „голф“, со српски национални ознаки, управувано од Ф.С., каде како совозач бил Б.Е., било констатирано дека во возилото се превезуваат девет лица мигранти од Куба, кои оствариле илегален влез во државата.

Од страна на полициски службеници од Полициска станица за граничен премин и граничен надзор Богородица биле лишени од слобода Ф.С.(20) и Б.Е.(19), двајцата српски државјани.

Во близина на бензинска станица кај Смоквица, при контрола на патничко возило „голф“, со српски национални ознаки, управувано од Ф.С., каде како совозач бил Б.Е., било констатирано дека во возилото се превезуваат девет лица мигранти од Куба, кои оствариле илегален влез во државата.

Во координација со јавен обвинител, возачот и совозачот се приведени и против нив ќе биде поднесена кривична пријава, а лицата мигранти се пренесени во Транзитниот центар „Винојуг“ во Гевгелија.