Пандемија

Ковид-19 ја окупира Америка побрзо од кога било

13.01.2022 12:20

Бројот на случаи минатата недела двојно се зголеми, на вкупно 6,1 милиони. Омикрон пристигна во речиси сите земји од Северна и Јужна Америка и се очекува брзо да стане доминантна варијанта во тој регион, објави здравствената агенција.

Корона вирусот се шири во Северна и Јужна Америка побрзо од кога било од почетокот на пандемијата поради новиот сој Омикрон.

Бројот на случаи минатата недела двојно се зголеми, на вкупно 6,1 милиони. Омикрон пристигна во речиси сите земји од Северна и Јужна Америка и се очекува брзо да стане доминантна варијанта во тој регион, објави здравствената агенција.

Најголем број на нови случаи има во Соединетите Американски Држави, каде што најголем раст има во сојузните држави на истокот и на средниот запад.