Уништени 195 свињи во делчевско поради африканската чума, во опасност уште над 700
За директорот Бабовски, животните вондредно ќе се попишуваат поради обесштетување на производителите. Од групацијата на производители на свинско месо тврдат дека и покрај новонастаната состојба месо ќе има.
Црвена тревога по првиот случај на свинска чума во источна Македонија. Од Агенцијата за храна и ветеринарство велат дека на потегот од три километри се уништени 195 грла, а во областа под надзор од 10 километри ќе бидат уништени над 700 свињи.
За директорот Бабовски, животните вондредно ќе се попишуваат поради обесштетување на производителите.
Од групацијата на производители на свинско месо тврдат дека и покрај новонастаната состојба месо ќе има. Санкции за одгледувачите кои не се грижат за биолошката безбедност, побараа од групацијата на мали производители, поради заканата за бизнисот.
Свинската чума е опасна заразна болест што брзо се шири и за која нема лек, посочија од Агенцијата.
Фиљана Кока
