Македонија

Прилеп со традиција за Василица и среќна паричка

13.01.2022 14:30

Вековна традиција во Прилеп за Василица да се бара среќната паричка. Традицијата останува во семејството, а градот сака да воспостави уште една. За Стара Нова година и за Василица заедно на отворено на плоштадот кај градскиот саат поделени се преку 400 парчиња бурек, а среќникот со паричката ќе добие подарок. Традицијата и барањето среќа во овие времиња се уште посилни...

Стара Нова година, Василица и паричка за среќа, здравје и добра година. Преку 400 парчиња бурек, над 100 литри варено вино и топол чај и желби за здравје и заедништо, на отворено. Прилеп сака да воспостави нова традиција.

Адетите се вековни. Се бара среќната паричка, за прилепчани битна е Василица. Вербата во среќата, посебно во овие времиња, е посилна.

Градот ја воспоставува новата традиција. Се надева догодина да биде  побогата кога, сите посакуваат, ќе се симнат маските, ограничувањата, опасноста за здравјето.

Во едно од бурекчињата е и паричката. Среќниот добитник ќе добие златен крст и желби, оваа година целото семејство да го следи среќата.

Елизабета Митреска