Омикрон брзо се шири

Двојно зголемен бројот на ковид тестирања, интерес за вакцинација нема

13.01.2022 15:10

Двојно е зголемен бројот на ковид тестирања во земјава. Интересот за вакцинација е намален за пет пати во поликлиниката „Јане Сандански“, а во „Букурешт“ има по 400 имунизации дневно, најмногу за бустер доза. Омикронот се шири, а инкубацијата трае само три до пет дена. Епидемиолозите предупредуваат, вистинската бројка на инфицирани е четири до пет пати поголема од пријавените случаи...

По новогодишните празници двојно е зголемен бројот на ковид тестирања и на лабораторски анализи. Матичните лакари имаа со околу 100 прегледи во две смени.

„По новогодишните празници зголемен беше интерсот за вакцинација, а потоа нагло се зголеми интересот за ПЦР тестирање и анализа на крв“, вели д-р Боре Радевски, управител на поликлиника „Јане Сандански“.

За пет пати е намален интересот за вакцинација во поликлиниката „Јане Сандански“. И во поликлиниката „Букуреш“ имаат околу 400 боцкања дневно.

„Најголем интерес кај граѓаните има за бустер, трета доза. За прва доза има помал интерес“, вели Силвана Миркоска, главна медицинска сестра во поликлиника „Букурешт“.

Интерес за вакцинација нема, Омикрон брзо се шири. Времето на инкубација од контакт со заболен до првите симптоми е од три до пет дена. Во отсуство на здравствени протоколи од почетокот на пандемијата, лекарите советуваат. 

„Се претпоставува дека сме заразни еден до два дена пред појава на симптомите и неколку дена после појава на симптомите е најголема заразноста, иако кај вакцинираните таа е пократка и се намалува до седмиот ден, генерално кај поголем број од луѓето инфективноста престанува по десеттиот ден“, вели д-р Мери Киријас, Инститит за имунобиологија.

Бројките на новозаразени се страшни, вели епидемиологот Олумчев. Официјаланта бројка треба да ја помножиме со најмалку четири или пет за да добиме слика за состојбата во која се наоѓаме недела дена.

„Ако беше поентата тоа да го направиме, да ни се заболат што поголем број луѓе, тоа ќе го имаме за неколку дена. Меѓутоа, ќе настане комплетна блокада на системот. Не само на здравствениот систем, замислете вие за 10 до 15 дена половина од работноспособното население ќе биде заболено. Што сме направиле тогаш? Сите ќе седат дома“, изјави епидемиологот д-р Сашко Олумчев.

Состојбата е сериозна бидејќи имаме и комбинации од ковид со сезонскиот грип. Кривата на новозаразени расте, единствено што можеме да направиме во моментот е децата да ги задржиме на продолжен зимски распуст, предупредува епидемиологот.

 

Наташа Јанчиќ Менковски