Николоски: Тврдиот настап на Радев не дава оптимизам
Тврдиот настап на Радев не дава оптимизам и треба да сме реални и искрени кон граѓаните, став на пратеникот и претседател на собраниската Комисија за надворешна политика, Александар Николоски...

Тврдиот настап на Радев не дава оптимизам и треба да сме реални и искрени кон граѓаните, став на пратеникот и претседател на собраниската Комисија за надворешна политика, Александар Николоски.
Во контекст на актуелното француско претседавање со Европската унија, Николоски истакна дека подобро би било македонските граѓани да имаат позитивно изненадување, отколку уште едно разочарување поради неостварените рокови.
Извештајот од минатата година јасно ја покажува нашата посветеност во спроведувањето на реформите и затоа повторно добивме препорака за почеток на преговорите како и многу години наназад, велат од владејачката СДСМ.
После толку многу години со право очекуваме напредок кон европското семејство, а тоа ќе биде од стратегиски интерес за двете страни, додаваат од ДУИ.
На комисијата беше констатирано дека главниот фокус во реформите треба да биде насочен кон борбата со криминалот и со корупцијата.
Марија Котовска
