Кинескиот супер компјутер, двапати побрз од американскиот

19.11.2013 15:17

Кинескиот супер компјутер стана најбризот компјутер

Кинескиот супер компјутер стана најбризот компјутер, покажуваат денеска објавените резултати од истражувањата кои потврдуваат дека кинескиот Тиане - 2, е за двапати побрз од американската машина која е рангирана на второ место.
 
Суперкомјутерот Тиане-2  развиен на Кинескиот национален универзитет за технологија, на тестот постигна просечна брзина од 33.86 петафлопс (1000 трилиони калкулации) во секунда со што си го обезбеди првото место во тестирањето на 500 суперкомјутери.
 
Признанието на Тиане-2, што во превод значи Млечен пат-2, за најбрз компјутер го означува и враќањето на титулата на Кина, бидејќи неговиот предходник Тиане - 1 беше рангиран за прв во ноември 2010
 
Сите делови се направени во Кина, освен процесорот кој го изработи американската фирма Интел
 
Листата за Суперкомјутери се прави двапати годишно, а се рангираат по брзина на перформација која ја тестираат и утврдуваат стручни лица од Германија и САД