Бруклин го визира доигрувањето
02.04.2014 13:58
Кари во последната секунда им донесе победа на Вориорс, Портланд очекувано ги совлада Лејкерс, во скромната синоќешна НБА понуда.
Џо Џонсон постигна 32 поена во првата домашна победа на Бруклин Нетс против Хјустон (105:96) по цели 11 години, триумф што има двојно значење. Освен што ја прекинаа неверојатната негативна серија, кошаркарите на најскапата НБА екипа сезонава се пласираа и во плеј офот.

По 14 порази од Рокетс, оваа бројка стои и пред најдолгата домашна серија на победи сезонава и во историјата за Бруклин, вкупно 14 по ред, со што овој тим серизоно се наметнува како еден од претендентите за висок пласман. Кај поразените, се издвои Џејмс Харден со 26 поени и со 7 асистенции, а Омер Ашик го искористи отсуството на повредениот Двајт Хауард и реализира 12 поени со неверојатни 23 скокови.
Со погодокот на Стефон Кари во последната секунда од продолжението, Голден Стејт Вориорс се радуваа против Далас Маверикс (122:120). Кари имаше 23 поени со 10 скокови, а на спротивната страна Дирк Новитски постигна 33 со 11 прифатени топки. Далас има најслаб меѓусебен однос, со Феникс и со Мемфис, кои што се на 8-та (последна што води во плеј-офот) и на 7-та позиција на Западот.
На најизвесниот меч на вечерта, Портланд Треилблејзерс ги совладаа ЛА Лејкерс (124:112).