Враќање на мини здолништата

13.01.2022 12:46

Сега повторно мини должината се враќа на голема врата. Дава можност и во зима да се носи со подебели чорапи и чизми, како здолниште и како фустан.

Мини должината од кога е измислена, всушност никогаш не излегла од мода.

Но, има периоди како изминатиов, кога поактуелни беа, миди здолништата, различни должини под колена.

Оваа должина дава удобност, голема можност за комбинации и примена на различни материјали и стилови. Со миди должина може да се добие романтичен, деловен, поспортски и секако свечен изглед.

Одговара и за фустани и за здолништа, може да се носи со сако, јакна, кардиган, палто одозгора.

Сега повторно мини должината се враќа на голема врата. Дава можност и во зима да се носи со подебели чорапи и чизми, како здолниште и како фустан.

Во зависност од должината и од материјалите може да биде соодветен избор и за работа, секојдневни и посвечени пригоди.

Аида Николовска