Земјотрес во Грција, почувствуван и во Македонија
14.01.2022 10:19
Епицентарот на земјотресот е на четири километри северозападно од Лерин, на длабочина од 10 километри.

Утринава повторно земјотрес со јачина 2,9 степени според Рихтер ја потресе Грција. Епицентарот на земјотресот е на четири километри северозападно од Лерин, на длабочина од 10 километри.
Земјотресот е почувствуван и на територија на Македонија.
