ОБСЕ: Ризикот од војна е поголем од кога било
Причините за зголемениот страв се воени конфронтации, радикализација, тероризам, проблеми во режимот на контрола на ограничувањата на оружјето, пандемии, кршење на слободите на поединците.

Ризикот од војна на просторот на ОБСЕ е поголем од кога било во последните четири децении, изјави полскиот министер за надворешни работи Збигњев Рау.
Во обраќањето пред постојаниот совет на ОБСЕ истакна дека земјите-членки се соочуваат со бројни предизвици за мирот и безбедноста.
Истакна дека причините за зголемениот страв се воени конфронтации, радикализација, тероризам, проблеми во режимот на контрола на ограничувањата на оружјето, пандемии, кршење на слободите на поединците.
Додаде дека случувањата во казахстан даваат причина за голема загриженост, посочувајќи дека обидот за решавање на постоечките конфликти на просторот на ОБСЕ ќе биде во фокусот на полска за време на едногодишното претседавање со организацијата.
