Расте бројот на заразени со Ковид-19, активни 14.545 случаи
Според статистиката на Министерството за здравство, само вчера беа регистрирани нови 1.865 случаи на Ковид-19. Од нив, 207 се реинфекции. Од новодијагностицираните, во Скопје се 871, а потоа следуваат Битола со 177 и Прилеп со 119...

Бројот на активни ковид- случаи во земјава достигна 14.545. Според статистиката на Министерството за здравство, само вчера беа регистрирани нови 1.865 случаи на Ковид-19. Од нив, 207 се реинфекции. Од новодијагностицираните, во Скопје се 871, а потоа следуваат Битола со 177 и Прилеп со 119. Во останатите градови, бројот на нови случаи е двоцифрен или едноцифрен. Според податоците од вчерашниот билтен, оздравени се 784 пациенти, а починати се осум лица од кои најмладиот на 45 години.
Досега кај нас се направени вкупно 1.686.063 тестирања на Ковид-19, а вкупниот број инфицирани од почетокот на епидемијата изнесува 239.920. Како последица на Ковид-19 досега починале 8.070 лица.
Комисијата за заразни болести засега нема предлози за нови мерки, ниту за скратување на времето на изолација на позитивни од тестирани на Ковид-19 кои се асимптоматски случаи. За овој предлог, членовите ќе донесат одлука по дополнителна обемна дискусија која ќе следи во наредните денови.
Се разгледува и евентуалната можност за промена на почетокот на второто полугодие од учебната година, но одлуката по овој предлог ќе биде донесена непосредно пред почетокот на второто полугодие, бидејќи клучно ќе биде каква е епидемилошката состојба во државата.
