Ковид-19
Велика Британија: Времето на изолација скратено на пет дена
14.01.2022 11:15
Министерстрвото за здравство соопшти дека заболените после пет дена и после негативен тест на шестиот ден може да бидат надвор од изолација.

Периодот на самоизолација за луѓето кои се позитивни на Ковид-19 во Велика Британија ќе биде скратен на пет дена.
Министерстрвото за здравство соопшти дека заболените после пет дена и после негативен тест на шестиот ден може да бидат надвор од изолација.
Одлуката има за цел да го намали притисокот врз луѓето во некои сектори од стопанството.
