ТЕТО ќе обезбеди дополнителни количества електрична и топлинска енергија, БЕГ има гас само уште за денеска
Друштвото за производство на електрична и топлинска енергија ТЕТО, соопшти, пак дека договорот за набавка трае до крајот на месецов. Производствената цена на електричната енергија од ТЕТО, со ненаплатена топлинска енергија изнесува 270 евра за мегават час без ДДВ.

Владата обезбеди дополнителни количeства електрична и топлинска енергија од АД ТЕТО- Скопје, што ќе работи со полна моќност од 5 часот изутрина до 1 часот по полноќ, најави министерот за економија Крешник Бектеши. Дополнително произведеното количество ќе го откупува АД ЕСМ со сопствени средства по цена од 170 евра за мегават час.
Друштвото за производство на електрична и топлинска енергија ТЕТО, соопшти, пак дека договорот за набавка трае до крајот на месецов. Производствената цена на електричната енергија од ТЕТО, со ненаплатена топлинска енергија изнесува 270 евра за мегават час без ДДВ.
Доколку компанијата ја наплати топлината, цената ќе изнесува 251 евро без ДДВ, велат во ТЕТО.
Испораката на топлинска енергија од ТЕТО делумно го решава проблемот на БЕГ, истакнуваат во компанијата, и дополнуваат дека е неопходно дополнително финансирање.
Што се однесува до Балкан енерџи, во оваа компанија велат дека средства за набавка на природен гас имаат до утре. Затоа предлагаат, владата привремено да ја преземе компанијата до завршувањето на енергетската кризна состојба.
