Коронавирус
ЕМА: Премногу дози може да го ослабат имунитетот
14.01.2022 12:11
ЕМА истакнува дека повторувањето на бустер доза на секои четири месеци може да го ослаби имунолошкиот одговор и да ги измори луѓето.

Европската агенција за лекови (ЕМА) предупреди дека повторувањето на бустер дозите на вакцината против коронавирус може да има негативен ефект врз имунитетот.
ЕМА истакнува дека повторувањето на бустер доза на секои четири месеци може да го ослаби имунолошкиот одговор и да ги измори луѓето.
Наместо тоа, државите треба да направат подолга пауза помеѓу бустер дозите и да ги врзат за постудената сезона, слично како кога станува збор за вакцинацијата против грип, велат од агенцијата.
