МВР: Приведени осум лица за шверц со цигари, четворица во бегство
Запленети се 19.480 кутии цигари во вредност од околу 40.000 евра со што е сузбиена криминална група која подолг временски период вршела прекуграничен криминал, односно криумчарење на цигари од Македонија во Бугарија, соопштуваат од МВР...

Полицијата разби криминална група која подолго време шверцувала цигари. Упасени се осуммина на возраст од 22 до 31 година, а по четворица се трага. МВРна зелениот појас на границата со Бугарија заплени 19.480 кутии социгари,чија вредност е 40.000 евра. Цигарите биле во автомобил кој ја пробил полициската заседа. При бегството, возачот изгубил контрола и удрил во дрво. Возачот и сопатникот се уапсени. Подоцна е приведен и 31-годишен жител на Крива Паланка, за кого постојат сомневања дека е организатор на криминалната група.
„Прашањето кое сега дополнително ќе треба да се одговори, од каде доаѓаат цигарите, дали се произведени во Македонија. Оние што имаат акцизна маркчика треба да се утврди дали е оргинал или фалсификат“, изјави министеката за внатрешни работи, Гордана Јанкулоска.
Бидејќи се работи за прекуграничен криминал,МВР ќе ја продолжи соработката со бугарската полицијаза да се открие целата мрежа на оние кои криумчарале цигари. Ќе се проверува дали групата имала активности и во другите соседни држави.
Наташа Јанчиќ
