Македонија

ДКСК: Владини членови го прекршиле сопствениот кодекс за време на локалните избори

14.01.2022 14:47

Петмина високи фунцкионери од Владата го прекршиле сопствениот кодекс на однесување за време на локалните избори. Антикорупционерите со иницијатива до Владата да ги санкционира согласно со прекршокот. Ги зачудува и фактот што само еден министер се обратил до нив за мислење во однос на постапките за време на изборите...

Антикорупционерите утврдиле дека петмина владини членови го прекршиле соптсвениот кодекс за време на локалните избори минатата година. Фехми Јонузи, заменик-директор на затворот Идризово, Абдул Селами, заменик – директор на УЈП, Беким Реџепи, заменик-министер за транспорт и врски, Назим Буши, заменик-министер за внатрешни работи и Артан Груби, министер за политички систем и односи меѓу заедниците, учествувале на настан поврзан со изградба на водоводна мрежа во скопското село Долно Количани.

Градоначалникот на Шуто Оризари, Курто Дудуш користел службено возило за сопствена кампања што се гледа во неуредните патни налози и во поминатите километри пат. Комисијата повика Обвинителството да постапи по допрен глас.

Поради големите недоречености, бараат доколку се подготвува Изборниот законик да се допрецизираат некои услови за кандидатите.

Антикорупционерите ја усвојија програмата за активностите за 2022-ра година.

Фиљана Кока