Енергетска криза
РЕК Битола работи со два блока
14.01.2022 15:03
Според компанијата, сè уште не може да се предвиди кога ќе биде ставен во функција, и тоа зависи од стручните мислења на експертите...

РЕК Битола работи со два блока, додека сè уште се поправа трансформаторот на Блок 3, што беше оштетен во пожарот од 5-ти ноември, соопшти АД ЕСМ.
Според компанијата, сè уште не може да се предвиди кога ќе биде ставен во функција, и тоа зависи од стручните мислења на експертите од електро-техничките факултети од Скопје и од Битола, како и ангажираните експерти од Белград и од енергетските компании во земјава.
Во меѓувреме, продолжуваат контролите и обидите за ставање во функција на трансформаторот, информираат од ЕСМ.
