Епидемиолози: Да се продолжи зимскиот распуст
Здравствената фела е едногласна. Предлага продолжување на зимскиот распуст за учениците. Сметаат дека минувањето на пикот на новиот вид, кон крајот на месецов, ќе овозможи и продолжување на наставата со физичко присуство на учениците…

Зимскиот распуст да се продолжи за најмалку две недели, едногласни се епидемиолозите. Според нив, Омикрон лесно се шири и за кратко време може да имаме многу заболени деца, негуватели, наставници. Полека се приближуваме кон пикот кој треба да биде на крајот на месецот. Учениците треба да останат дома за да се види колку заболени ќе имаме и каква ќе би состојбата со здравствените капацитети. Доктор Олумчев вели почнаа да доаѓаат деца.
Професорот Даниловски, вели кога ќе помине пикот наставата да почне со физичко присуство. Децата многу изгубија поради пандемијата, состојбата направи многу штета врз нивниот психофизички развој, затоа не смеат веќе да останат затворени.
Во моментот во болница „Козле“ каде што се хоспитализирани ковид позитивни, велат ниту едно од дваесетината хоспитализирани деца не е на кислородна поддршка. Од нова година на удар се амбулантите во оваа болница, во кои за три пати е зголемен бројот на деца на кои им треба лекарска помош.
Наташа Јанчиќ Менковски
