Политика

Собранието викендов ќе расправа за новата влада

14.01.2022 15:36

Опозициската ВМРО – ДПМНЕ најавува дебата од сите свои пратеници. Несомнено дека дискусиите ќе бидат проследени со реплики и контрареплики во двата дена расправа, по што се очекува во недела најдоцна пред полноќ гласање за новиот состав на извршна власт...

Во очекување на остра дебата и бранење ставови, Собранието во сабота и недела ќе расправа за составот и програмата на новата влада. Опозициската ВМРО – ДПМНЕ најавува дебата од сите свои пратеници. Несомнено дека дискусиите ќе бидат проследени со реплики и контрареплики во двата дена расправа, по што се очекува во недела најдоцна пред полноќ гласање за новиот состав на извршна власт.

Новиот владин состав ќе брои 21 член. 12 се од СДСМ и коалицијата, шестмина од ДУИ, а три министерски позиции доби новит коалициски партнер Алтернатива.

Мандатарот Ковачевски пред пратениците ќе ја презентира програмата за работа во која, како што најави, приоритети се решавање на енергетската и здравствената криза, економијата и стандардот на граѓаните.

И додека СДСМ и ВМРО – ДПМНЕ меѓусебно се обвинуваат, помалите коалициски партнери во власта бараат измени во изборниот модел, односно една изборна единица, со пропорционален модел и без изборен праг. Доставиле и писмо до спикерот Џафери.

Доколку во наредните три месеци не се донесе законското решение, не исклучуваат откажување на подршката на владата на Ковачевски.

Предлог- измените на Изборниот законик се поднесени пред речиси една година. Власта и опозицијата иако декларативно даваат поддршка, сепак преку работните групи не успеаа да ги усогласат ставовите за изборниот модел.

Миле Ристески