Меѓу кандидатите за пратеници нема кодоши

02.04.2014 14:13

Податците на УБК, Државниот архив, Агенцијата за разузнавање и Службата за разузнавање при Министерството за одбрана покажале дека во нивната евиденција не е пронајден ниту еден кандидат кој соработувал со тајните служби...

Ниту еден од кандидатите на поднесените 14 листи за пратеници за претстојните предвремени парламентарни избори не бил соработник на тајните служби.

Комисијата за верификација на фактите од вкупно 1.402 кандидати на 14-те листи, провери 850, а за останатите 552 претходно веќе биле проверени. Податците на УБК, Државниот архив, Агенцијата за разузнавање и Службата за разузнавање при Министерството за одбрана покажале дека во нивната евиденција не е пронајден ниту еден кандидат кој соработувал со тајните служби.

Според Предраг Димитровски, портпаролот на комисијата, лустраторите имаат законски можности да покренат постапка доколку во иднина некој од кандидатите биде пронајден во други документи што ќе бидат предмет на обработка.