Евроинтеграции

Маричиќ: Нема да се врзуваме со временски рокови во преговорите со Бугарија

14.01.2022 15:57

Посетата на премиерот Петков е нова можност и нова динамика за враќање на довербата и фокусирање на прашања пошироко од историските, изјави Бојан Маричиќ, актуелен министер за правда и иден вицепремиер за евроинтеграции...

Нема да се врзуваме со временски рокови во преговорите со Бугарија, вели Бојан Маричиќ, министерот за правда во заминување. Најавената посета на бугарскиот премиер Кирил Петков на земјава ја оцени како можност за воспоставување на нова динамика во преговорите со Бугарија. Посочи дека ќе бидат фокусирани на пошироки прашања од историските.

Во однос на Изборниот законик, Маричиќ рече дека имало уште многу отворени прашања и препораки кои требало да се имплементираат, но, тоа ќе се направи, како што рече, доколку има добра волја.

Ја промовираше кампањата за медијација, која е дел од реформите во правосудството. Надлежните очекуваат дека ќе се подигне свеста на граѓаните и кај компаниите, дека има решение за споровите и надвор од судовите.

Преку медијацијата се зајакнува и праваната средина во бизнисот, особено за стопанските и работните спорови. На странките им е најважно брзо и ефикасно, без многу финансии, да ги решат споровите, велат надлежните.

Наташа Гркова- Петрушевска