Евроинтеграции

Бомгартнер: Франција ќе се залага за што поскоро надминување на спорот помеѓу Скопје и Софија

14.01.2022 16:29

Местото на Северна Македонија е во ЕУ. Земјата ги исполнува сите технички, правни и европски услови да биде дел од Унијата. Франција ќе се залага за што поскоро надминување на спорот помеѓу Скопје и Софија, но нема да биде посредник меѓу двете страни- францускиот амбасадор Бомгартнер на дебата во Европската куќа. Во посетата на бугарскиот премиер на земјава идната недела гледа охрабрувачки знак...

Фактот што првата посета на бугарскиот премиер Петков по формирањето на тамошната влада е на Македонија, покажува дека има придвижувања за надминување на недоразбирањата. Франција не посакува посредување меѓу Софија и Скопје, секако не директно, но тука сме да помогнеме вели, францускиот дипломат Бомгартнер.

Затоа, прашањето на интеграцијата на Скопје и на Тирана, не може да биде маргинализирано ниту раздвоено, рекоа амбасадорите на конференцијата за новинарите. За ова следуваше и прашањето од македонската телевизија.

Македонија го нема потпишано договорот со Фронтекс, поради бугарското вето, но европските полицајци, меѓу нив и еден француски офицер за врска, се ангажирани во земјава. Амбасадорот Бомгартнер укажа и на справувањето со корупцијата, со финансиските измами и со неплаќањето ДДВ. За Париз во наредниот период до јуни е важен просперитетот на младите, затоа при крајот на јануари е најавен европски самит за Западен Балкан. Од март до мај во Струмица, Прилеп, Тетово и Битола ќе се одржат неколку конференции посветени на сувереноста, дигитализација, на климата, на Европа.

Француското претседавање со унијата ќе заврши со настан во Скопје, информираше амбасадорот.

Зоран Богатинов