Здравство

1.348 нови случаи со Ковид-19, починати осум лица

16.01.2022 18:32

22 процента од направените 6.141 тест биле со позитивен резултат...

Во изминативе 24 часа се регистрирани 1.348 нови случаи на заразени со коронавирусот. 22 процента од направените 6.141 тест биле со позитивен резултат.

Оздравени се 784 пациенти, а во последното деноноќие, како последица од Ковид-19 починале осуммина, најмладиот на возраст од 55 години.

Во моментов во земјава има над 16.000 активни случаи. Досега починаа 8.100 лица.