Македонија
Пациент нападнал докторка на инфективното одделение во Охрид
16.01.2022 17:56
Од болницата велат дека во амбулантата дневно има и по 60 прегледи, а само две лекарки. Пациентот не сакал да чека, по што ја фатил вработената за врат и почнал да ја дави.

Инцидент на инфективното одделение во Охрид. Пациент физички нападнал лекарка. Случајот е пријавен во полиција.
Од болницата велат дека во амбулантата дневно има и по 60 прегледи, а само две лекарки. Пациентот не сакал да чека, по што ја фатил вработената за врат и почнал да ја дави.
Станува збор за искусна докторка на 62-годишна возраст.
