Започнува обемен археолошки проект во Пелагонија, Мариово и Поречието
Прилепскиот институт за старословенска култура започнува тригодишен обемен проект за прецизирање на десетвековната историја и археологија во Пелагонија, Мариово и во Поречието. Новата лабораторија ќе помогне прецизно да се детектира духовното, материјалното и социоекономското живеење на овие простори и сериозно да биде претставено во европскиот научен свет…

Десетвековната историја во Пелагонија, Мариово и во Поречието ќе биде доистражена, документирана и прецизирана. Прилепскиот Институт за старословенска култура почнува тригодишен обемен проект за прецизното детектирање на духовното, материјалното, социоекономското живеење на овие простори, од 7 до 17 век.
Тимот од стручни лица ќе ги сублимира досегашните и ќе направи нови истражувања. Опфатени се десетици локалитет, а приоритетни се: Хераклеја, Трескавец, Зрзе, Градок и Свети Никола во Мариово, Марковите Кули, Градиште во Дебреште, градовите Битола и Прилеп, локалитетите во Поречието. Ќе стигне монографија и сериозно презентирање пред европскиот научен свет.
Годинава акредитација ќе добие новата лабораторија за прецизирање на сите факти, битно и за проектот.
Според научниците, оваа 2022 година треба да донесе поголемо објективизирање на нашето минато за да ги градиме сегашноста и иднината.
Елизабета Митреска
