Влада
Ковачевски ги презеде функцијата и кабинетот од досегашниот премиер Заев
17.01.2022 10:30
Новоизбраниот премиер Димитар Ковачевски, денеска ги презеде функцијата и кабинетот од досегашниот премиер Зоран Заев...

Новоизбраниот премиер Димитар Ковачевски, денеска ги презеде функцијата и кабинетот од досегашниот премиер Зоран Заев.
Премиерот во заминување Заев на Ковачевски и на министрите им посака успех во работата и исполнување на програмата и приоритетите на новата Влада за наредниот период.
Ковачевски му се заблагодари на неговиот претходник Зоран Заев за исклучително позитивните остварувања во претходните два мандати и за поддршката во процесот на формирањето на новата Влада, информираат од владината прес- служба.
