Нова влада

Ковачевски: Легитимитетот е неспорен, избори во 2024-та

17.01.2022 10:06

Со 62 гласа „за“ и 46 „против“, во Собранието избрана новата Влада. Премиерот Ковачевски дециден- легитимитетот е неспорен, избори да, но во 2024-та. Повика на обединување за државните интереси. За опозицијата, оваа влада е продолжување на заевизмот, Ковачевски нема легитимитет да раководи со извршната власт...

Димитар Ковачевски како нов премиер вети тие ќе бидат одговорни за спроведување на политиките со кои земјава треба да ги надмине политичките и економски проблеми и да го подобри животниот стандард на граѓаните. Ковачевски порача - легитимитетот на владата е неспорен. Избори да, но во 2024-та.

Ковачевски како политичар и премиер нема изборен легитимитет, посочија од ВМРО-ДПМНЕ. Извршната власт е само продолжување на заевизмот и со истрошени кадри, рече Милошоски. За власта прашањето со легитимитетот е политички фолклор.Нема поистоветување на локалните со парламентарните избори.

Според лидерот на Алијанса за Албанците, демократијата, не е на добро ниво во Македонија. Села го спореше легитимитет и на ДУИ, кој го потрошиле во изминатите години со коруптивно и арогантно однесување. Во ДУИ, пак, порачаа дека целосно веруваат во професионалната компетентност на кадрите и на програмата.

Новиот владин состав брои 21 член. СДСМ и коалицијатата имаат 12, ДУИ шест, а Алтернатива тројца министри.

Игор Панов