Германската министерка за Европа, Ана Лирман во посета на земјава- оствари средба со Пендаровски
Во фокусот на разговорите, билатералните односи меѓу двете земји, економско-политички прашања и европската перспектива на земјава.
Во посета на Македонија е германската министерка за Европа, Ана Лирман. Во Вила Водно, беше примена од претседателот Пендаровски.
Во фокусот на разговорите, билатералните односи меѓу двете земји, економско-политички прашања и европската перспектива на земјава.
Бугарскиот премиер Кирил Петков не е првиот странски државник што ќе се сретне со премиерот Ковачевски. Во Владата, новиот премиер на средба со германската министерка за Европа.
Лирман ќе оствари и две билатерални средби со вицепремиерот за евроинтеграции Маричиќ и со шефот на дипломатијата Османи.
Преговорите за пристапување во ЕУ со Албанија и Северна Македонија мора да почнат веднаш. Двете земји ги исполнија условите за почеток на пристапните преговори, смета Лирман.
