КОВИД-19

Грција ќе ги казнува невакцинираните над 60-годишна возраст

17.01.2022 10:54

Ослободени се оние кои прележале Ковид-19 во последните 180 дена, кои се вакцинирале во странство, и оние кои имаат оправдување од здравствени причини.

Невакцинираните граѓани во Грција над 60-годишна возраст  ќе бидат казнети со  50 евра за јануари, односно по 100 евра за секој нареден месец.

Ослободени се оние кои прележале Ковид-19 во последните 180 дена, кои се вакцинирале во странство, и оние кои имаат оправдување од здравствени причини.

Во меѓувреме, Обединетото Кралство планира да ја укине самоизолацијата бидејќи бројот на случаи продолжува да опаѓа.

Премиерот Борис Џонсон треба да ги укине ограничувањата на планот Б кој се однесува на работа од дома, носење маски во јавниот превоз и на јавни места, и поседување сертификати за влез во ноќни клубови и големи настани.