КОРЕЈСКИ ПОЛУОСТРОВ
Северна Кореја со нови ракетни проби
17.01.2022 11:52
Северна Кореја успеа да изврши неколку ракетни тестови во првата половина од месецов. Во петокот истрела две, а на петти и единаесетти јануари изведе уште две проби...

Сеул соопшти дека Северна Кореја лансира две балистички ракети со краток дострел од аеродром во близина на Пјонгјанг.
Јапонската влада со исто тврдење. Токио смета дека пробите се сериозна закана за регионалните мир и стабилност.
Северна Кореја успеа да изврши неколку ракетни тестови во првата половина од месецов. Во петокот истрела две, а на петти и единаесетти јануари изведе уште две проби со, како што рекоа, хиперсонични ракети.
САД најавија нови санкции.
