Германија воведува минимална цена на работен час

02.04.2014 14:28

Германската Влада даде зелено светло за предлогот на социјалдемократите кои што ја делат власта со конзервативците на Ангела Меркел, минималната надница за еден час работа да не биде помала од 8,50 евра.

Ќе почне да се применува од 2015, а минималната надница не важи за малолетниците, за приправниците и за стажантите. Дел од работодавците кои што имаат Колективни договори може да продолжат по старо до крајот на 2016. Има исклучок и за компаниите што ќе вработуваат лица кои подолго време биле невработени- во првите 6 месеци да им плаќаат помала надница. Министерката за труд им ветила поддршка и на секторите кои што вработуваат сезонски работници во областа на земјоделството и хотелиерството. Долниот дом на германскиот Бундестаг остава простор за донесување на законот на крајот на летото. Здруженијата на работодавци се противат на планот. Една десетина од западногерманските работници како и една четвртина од оние во источниот дел, заработуваат помалку од предложениот минимум од 8 и пол евра за час.

Соња Стојановска