Ковачевски- Лирман: Интеграцијата на Северна Македонија е политички, безбедносен и економски интерес на ЕУ
Димитар Ковачевски на неговиот прв работен ден како премиер, ја прими германската министерка за Европа, Ана Лирман која е во работна посета на земјава. На средбата, Ковачевски и Лирман се согласиле дека целосната интеграција на Западен Балкан е во политички, безбедносен и економски интерес на ЕУ како геостратешка инвестиција за стабилна и просперитетна Европа.

Премиерот Ковачевски изразил благодарност што новоизбраната влада на Германија, предводена од канцеларот Олаф Шолц, го стави проширувањето на ЕУ со Западен Балкан високо на нејзината коалициона програма и особено што експлицитно ја нагласи потребата без натамошно одложување да се отворат првите преговарачки поглавја со Северна Македонија и Албанија како следен чекор на проширувањето на ЕУ кон регионот.
„Новоизбраната Влада на Северна Македонија е посветена да продолжи да чекори по реформскиот пат за членство во ЕУ и решително да презема активности во клучните области како што се владеењето на правото и борбата против корупцијата и организираниот криминал“, потенцирал Ковачевски.
Ковачевски на утрешната посета на премиерот на Република Бугарија, Кирил Петков гледа како на исчекор за изнаоѓање заемно прифатливо решение со Софија во духот на добрососедските односи за да се деблокира постапката за утврдување датум за одржување на Меѓувладината конференција со ЕУ како почеток на преговорите на Северна Македонија за членство во ЕУ.
На средбата била потцрана и економската соработка со Германија, каде во иднина посебно внимание ќе биде посветено на проекти од обновливи извори на енергија.