Свет

САД: Илјадници летови откажани поради зимската бура

17.01.2022 12:22

Гувернерите на Џорџија, Вирџинија, Северна и Јужна Каролина прогласија вонредна состојба.

Авиокомпаниите откажаа повеќе од 2.700 летови во САД, поради зимската бура што го погоди југоисточниот дел. Гувернерите на Џорџија, Вирџинија, Северна и Јужна Каролина прогласија вонредна состојба.

Снабдувањето со електрична енергија е прекинато во овие сојузни држави и Флорида каде што беше формирано и торнадо кое уништи камп со приколки.

На повеќе места се пријавени и проблеми во сообраќајот поради дебела снежна покривка и замрзнати патишта.