Комисијата за заштита од заразни болести треба да даде препорака дали ќе биде продолжен зимскиот распуст
Се очекува и предлог за скратување на периодот за изолација. Според информациите, членовите на комисијата ќе го чекаат неделниот извештај на Институтот за јавно здравје за состојбата со Ковид-19, за да се види, дали има зголемување на бројот на новозаразени деца на училишна возраст.

Најдоцна до утре Комисијата за заштита од заразни болести треба да даде препорака, дали ќе биде продолжен зимскиот распуст или пак, децата в четврток ќе се вратат во училишните клупи. Не е исклучена и онлајн настава.
Се очекува и предлог за скратување на периодот за изолација. Според информациите, членовите на комисијата ќе го чекаат неделниот извештај на Институтот за јавно здравје за состојбата со Ковид-19, за да се види, дали има зголемување на бројот на новозаразени деца на училишна возраст.
Дел од лекарите апелираат зимскиот распуст да продолжи за уште две недели за да се стабилизира епидемиолошката состојба.
И родителите се поделени. Дел бараат децата на 20-ти јануари да се вратат во училишните клупи, други се да продолжи распустот, трети за онлајн настава, а група родители организирани на социјалните мрежи, инсистираат децата да тргнат во второ полугодие без заштитни маски.
