Енергетска криза

ЕСМ го презема управувањето со БЕГ и „Скопје- Север“

17.01.2022 12:38

Владата прогласи кризна состојба, откако претходно се договори во ТЕ-ТО и БЕГ, првите да работат седум дена во неделата, а вишоците струја да ги продава по 170 евра на ЕСМ, а со гас ќе го снабдува БЕГ на одложено плаќање.

Државната ЕСМ неделава го презема управувањето со БЕГ и топланата „Скопје- Север“ до крајот на грејната сезона. Со тоа се ветува обезбедување топли радијатори за корисниците на топлинска енергија.

Владата прогласи кризна состојба, откако претходно се договори во ТЕ-ТО и БЕГ, првите да работат седум дена во неделата, а вишоците струја да ги продава по 170 евра на ЕСМ, а со гас ќе го снабдува БЕГ на одложено плаќање.

Дали и како ќе се спроведува договореното, ќе контролира Комисија за следење на состојбите со снабдување со топлинска енергија, која ќе ја формира министерот за економија.

Во осумчлената комисија треба да има по еден претставник од економија, од регулаторната комисија за енергетика, од ЗЕЛС и пет претставници од носителите на лиценци на пазарот на топлинска енергија.