Ракомет

Вардар vs Металург како за почеток и крај

02.04.2014 14:54

На денешната жрепка извлечени лутите градски ракометни ривали Вардар и Металург, за отворање на Супер лигашката македонска лига. По првото коло овие два тима ќе се сретнат и во последното 6-то...

Воведниот дуел се игра на теренот на Вардарци, последниот на металурзите. Предвидено е да се стартува на 9 април, но барањето на црвено-црните  за одлагање на натпреварот поради настапот на фајнл-фор СЕХА завршницата, е прифатено. Со оглед пак, на обврскит во Евро шампионската лига на овие два тима, добар дел и од останатите пресметки ќе бидат пролонгирани.

Како и да е првенството мора да заврши до 25 мај, поради подготовките на репрезентацијата за бараж дуелот со Грција.

Прво коло-супер лига:

Вардар-Металург, Пелистер-Металург Јуниор и Зомимак-Т.Пролет