Петков со честитка за изборот на Ковачевски и конзистентен став за членството во ЕУ
Очекувам да работиме заедно на нов конструктивен дијалог и разбирање во интерес на нашите билатерални односи, чиј развој е од голема полза за граѓаните на Бугарија и република Северна Македонија, напиша Петков на официјалната Фејсбук-страница на бугарската влада.
Бугарскиот премиер Кирил Петков му го честиташе изборот за премиер на Димитар Ковачевски, и ѝ посака успех на новата влада во Скопје. Очекувам да работиме заедно на нов конструктивен дијалог и разбирање во интерес на нашите билатерални односи, чиј развој е од голема полза за граѓаните на Бугарија и република Северна Македонија, напиша Петков на официјалната Фејсбук-страница на бугарската влада.
Истакна дека ставот на Бугарија за европската перспектива на нејзиниот близок сосед, Република Северна Македонија, е конзистентен и јасен. Според Петков, добрососедството може да донесе сериозни придобивки, не само за двете земји, туку и за целиот регион.
Утре Петков доаѓа во официјална посета на Македонија.
