Македонија

Прилепското обвинителство нареди ексхумација и обдукција на починатата родилка

17.01.2022 15:33

Прилепското обвинителство нареди ексхумација и обдукција на почината 33-годишна родилка. Починала во прилепската болница откако го родила нејзиното трето дете …

Ексхумирано е телото на 33-годишна родилка од селото Црнилиште во Долнени откако прилепското Основно јавно обвинителство испрати наредба по информација од допрен глас. Родилката починала во прилепската болница по породувањето на 10-ти јануари. На самото место во селото, лекарите од Судска медицина од Скопје направиле и обдукција.

Родилката се породила на 10-ти јануари во гинеколошкото одделение во прилепската болница. Го родила своето трето дете, но веднаш почнала обилно да крвари. И покрај сите напори на персоналот, родилката починала околу 4 часот изутрината.

Прилепското обвинителство кое реагираше по допрен глас, ќе го чека обдукцискиот наод за починатата родилка.

Елизабета Митреска