Оскаровецот Стораро- кинематографер на „Мајсторот“ на Иво Трајков
„Последниот император“, „Апокалипса сега“ и „Црвениот“ се филмови на оскаровецот и директор на фотографија, италијанецот Виторио Стораро. Во Македонија дојде откако го прочитал сценариото за филмот „Мајсторот“. Вели дека бил доволно храбар и луд за да препознае една универзална идеја...

Трикратниот оскаровец и потписник на педесетина филмски наслови, Виторио Сораро ќе биде директор на фотографија на македонскиот филм „Мајсторот“, по сценарио на Љупчо Тодоровски- Упа, а во режија на Иво Трајков. Комплетирана е и меѓународната екипа, во која ќе бидат и водечки македонски актери. Сораро вели дека „Мајсторот“ нема да раскажува само македонска приказна, туку во себе носи универзални вредности.
„Се работи за еден основен концепт на рамноправност меѓу луѓето и меѓу религиите. Јас секако ќе се обидам да го одработам мојот дел, а тоа е преку слика да ја пренесам таквата визија и таквиот концепт на публиката“, вели Сораро.
Министерката за култура, Елизабета Канческа- Милевска рече дека во последниве 6 години рапидно е зголемена копродукцијата.
„Во последните шест години се снимија околу 75 филмови, од кои 21 се играни, долгометражни филмови, останатите се докоментални, кратки и анимирани“, рече Канческа- Милевска.
Режисерот Трајков пак рече дека со учество на мајстор како Стораро во овој проект е направен огромен чекор поблиску до исклучителен и квалитетен резултат. Да живеевме во друго време, рече Трајков, тогаш соработката со Стораро ќе беше како соработка со Караваџо.
Александра Перевска
