Регионалните медиуми за изборот на новата влада
Со детална анализа и прогнози за идни можни дејствувања, медиумите од соседните земји известуваат за новата влада во државата. „Владата на Ковачевски доби доверба“; „ Со 62 гласа „за“ беше избрана Владата на Ковачевски“ се дел од насловите...

Бугарскиот премиер Кирил Петков му го честиташе на Димитар Ковачевски стапувањето на должноста премиер на Република Македонија и и посака успех на новата влада во Скопје.
„Очекувам да работиме заедно на нов конструктивен дијалог и разбирање во интерес на нашите билатерални односи, чиј развој е од голема полза за граѓаните на Бугарија и Република Северна Македонија“, напиша бугарскиот премиер на официјалната Фејсбук страница на Владата на Бугарија.
Бугарскиот премиер истакна дека ставот на Бугарија за европската перспектива на нејзиниот близок сосед е конзистентен и јасен. Според Петков, добрососедството може да донесе сериозни придобивки не само за двете земји, туку и за целиот регион.
Со детална анализа и прогнози за идни можни дејствувања, медиумите од соседните земји известуваат за новата влада во државата. „Владата на Ковачевски доби доверба“; „ Со 62 гласа „за“ беше избрана Владата на Ковачевски“ се дел од насловите во грчките медиуми. Грчката новинска агенција коментира и дека „една од „жешките“ теми“ за новата Влада се односите со Бугарија, „која над една година го спречува почетокот на пристапните преговори меѓу Македонија и ЕУ поради отворените национални, јазични и историски разлики меѓу двете земји“.
Медиумите во Албанија опширно информираат за изборот на новата и ја пренесуваат биографијата на новиот премиер Ковачевски.
„Северна Македонија со нова влада: Дебата за нејзиниот легитимитет“, е насловот на една од неколкуте информации на тамошните електронски медиуми.
„Финансиерот кој стана премиер! Кој е Димитар Ковачевски, моќниот бизнисмен што ќе ја води Северна Македонија“, под овој наслов агенцијата „Балкан веб“ пренесува опширна биографија на новиот премиер, кој, како што додава, од неодамна е лидер и на СДСМ.
Српскиот јавен сервис објавува дека новиот премиер ветил дека доаѓаат подобри времиња. Нема да има предвремени избори до 2024-та, ја пренесува РТС изјавата на македонскиот премиер. За новата влада известуваат и другите регионални медиуми.
Катерина Топалова
