Политика

Новата влада ја одржува првата седница

17.01.2022 16:36

Новиот состав на владата беше изгласан синоќа пред полноќ во Собранието. Владата има 21 член, еден повеќе од претходниот состав.

Новата влада предводена од премиерот Димитар Ковачевски ја одржува првата владина седница. Новиот состав на владата беше изгласан синоќа пред полноќ во Собранието. Владата има 21 член, еден повеќе од претходниот состав.

„Новата влада има јасна цел – да одговори соодветно на енергетската криза, да обезбеди сигурност, услови за подобар живот и европска и просперитетна иднина за нашите граѓани. За тоа е потребно ефикасно, чесно и одговорно владеење што како одлики ги барав од сите министри што прифатија да бидат дел од тимот, кој заеднички ќе се стреми низ независните институции и правично општество да им служи на интересите на граѓаните“, изјави денеска премиерот Ковачевски.

Ковачевски утре ќе го пречека премиерот на Република Бугарија, Кирил Петков кој ќе пристигне во еднодневна официјалната посета на нашата земја.