Пристигна извештајот на германските експерти за пожарот во модуларната болница во Тетово
Според тетовскиот јавен обвинител, Бесир Алиу, била издадена наредба експертизата да се преведе по што, вели Алиу, ќе бидат обелоденети делови од него. Алиу смета дека со извештајот речиси 100 насто од истрагата е завршена.

Пред три дена во Јавното обвинителство пристигнала германската експертиза на истрагата за пожарот во модуларната болница во Тетово. Како што јавува Дојче Веле, извештајот е на седум страници на германските истражители за инцидентот што се случи лани на 8-ми септември во кој загинаа 14 лица.
Според тетовскиот јавен обвинител, Бесир Алиу, била издадена наредба експертизата да се преведе по што, вели Алиу, ќе бидат обелоденети делови од него. Алиу смета дека со извештајот речиси 100 насто од истрагата е завршена.
Од Сојузната германска полиција најавиле и снимки од дрон. Пред затворањето на истрагата, обвинителите ќе треба да реферираат за предметот пред посебната комисија формирана од државното јавно обвинителство, во однос на сите активности коишто биле преземени изминатиот период.
Досега во истрагата се сослушани 50-на сведоци, вклучени се и два домашни извештаи, првиот од домашната крим техника, вториот од Технолошкиот факултет во Скопје.
