766 нови случаи со Ковид-19, починати 15 лица
Вкупната бројка на ковид- дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 245.398, бројот на оздравени пациенти е 220.886, на починати е 8.115, а бројот на активни случаи изнесува 16.397.

Во последните 24 часа направени се 3.748 тестови, а регистрирани се 766 нови случаи на Ковид-19 во Скопје – 521, Битола – 33, Куманово – 32, Струмица – 23, Кавадарци – 20, Прилеп – 19, Штип – 17, Охрид – 16, Струга и Гевгелија – по 9, Кичево и Ресен – по 8, Велес – 7, Гостивар – 6, Тетово – 5, Свети Николе, Пробиштип, Валандово и Кратово – по 4, Неготино и Крива Паланка – по 3, Радовиш, Богданци и Демир Хисар – по 2, Делчево, Дебар, Македонски Брод, Демир Капија и Македонска Каменица – по 1. Од вкупниот број на позитивни (766), регистрирани се 86 реинфекции.
Регистрирани сe 486 оздравени пациенти. Во текот на изминатите 24 часа регистрирани се 12 починати лица: 4 починати лица од Скопје (63г, 65г, 80г и 81г), 2 починати лица од Битола (80г и 82г) и по едно починато лице од Охрид (58г), Гевгелија (72г), Кавадарци (67г), Крива Паланка (74г), Кочани (48г) и Демир Хисар (82г). Пријавените лица се починати во болнички услови.
Согласно Регистарот на умрени лица со дијагноза Ковид-19 од Мој Термин, пријавени се 3 лица, по едно починато лице од Скопје, Гостивар и Дебар, починати во период од 03.01 - 11.01.2022г. Починатите се на возраст од 62 години до 75 години. Сите пријавени лица се починати во домашни услови.
Вкупната бројка на ковид- дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 245.398, бројот на оздравени пациенти е 220.886, на починати е 8.115, а бројот на активни случаи изнесува 16.397.
Досега во земјата се направени вкупно 1.710.444 тестирања на Ковид-19.
