„Еден свет за сите“- одбележан Светскиот ден за борба протов аутизмот
Кампањата ќе се одвива во текот на целиот месец. Во рамките на одбележувањето ќе биде осветлен и археолошкиот музеј во сино, со што и Македонија ќе се вклучи во светската кампања во рамките на која, истакнати објекти се осветлуваат во бојата на аутизмот, и со тоа ја изразуваат поддршката кон лицата со аутизам...

Под мотото „Еден свет за сите“ се одбележува меѓунарониот ден на аутизам.
На светско ниво од година во година расте бројот на деца заболени од аутизам велат надлежните.
Дневниот центар за аутизам во Скопје е прв од овој вид кој функционира во рамките на центарот за социјални работи го посетуваат пет деца.
Вработени се 4 стручни лица. Согласно законот за заштита на децата, 97 деца со аутизам добиваат посебен додаток од 4.200 денари.
Министерството за труд и социјална политика постојано ја проширува мрежата од дневни центри за децата со пречки во развојот.
Вкупната бројка изнесува 24, а ги посетуваат вкупно 393 деца.
Дијана Ценевска
